ПОВЕЌЕ

    31 Октомври – најсреќниот ден за „Верверичката“ на Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Децата се нашата среќа, нашето наследство и иднина, но и нашата одговорност. Нашиот влог е да израснеме образовани, одговорни и амбициозни млади луѓе кои ќе можат понатаму успешно да се носат со предизвиците на животот.

    Затоа Комерцијална банка 19 години вложува во финансиската иднина на стотици деца во земјава, на кои по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, им подарува штедна книшка „Верверичка“ со депозит од 5.000 денари. Банката традиционално им подарува штеден влог на сите деца во земјава што секоја година се раѓаат на 31 октомври.

    Ние сме особено горди на оваа мисијата на нашата „Верверичка“ затоа што го поттикнува штедењето пари како една од најкорисните и највредните навики. А, штедењето придонесува за безгрижна иднина на секоја личност, особено кога се практикува уште од мали нозе.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично