ПОВЕЌЕ

    2024 ГОДИНА БЕШЕ НАЈУСПЕШНА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ ЗА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА, дали може да се повтори ова и годинава?

    Време зa читање: 2 минути

    Македонската берза лани далеку подобра во споредба со 2023 година.

    Огромен раст на прометот и на пазарната капитализација.

    Топ акциите продолжуваат да доминираат.

    Но, дали се очекува растот да продолжи и оваа, 2025 година?

    Што значи најавата за прва иницијална јавна понуда на акции – ИПО?

    Ќе се охрабрат ли повеќе компании наместо во банки, по капитал да одат на Берзата?

    За првото вистинско ИПО разговараме со Дарко Перушески, чија компанија наскоро ќе излезе со свои акции, додека пак за случувањата на берзата ќе зборуваме со првиот човек на оваа институција, Иван Штериев.

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично