ПОВЕЌЕ

    Фејсбук статус на Џиков: Микро и Малите бизниси се столбот на секоја економија – да им помогнеме да опстанат!

    Време зa читање: 2 минути

    Бојан Џиков, бизнис аналитичар, апелира..

    Во нашата држава постојат над 60 илјади микро и мали правни субјекти. Под правни субјекти спаѓаат фирми, трговци поединци, самостојни вршители на дејност и многу други чинители на економијата. Ова се луѓето кој секојдневно ги гледаме, нашите најблиски роднини, комшии, пријатели, локалното гранапче, пекара, вашиот бербер, козметичарката, вулканизерот и други.

    Во овие тешки времиња токму овие бизниси ќе бидат најпогодени од оваа криза. Затоа апелирам до сите да се обидеме во овие моменти да насочиме што повеќе внимание кон нив за да можат да го преживеат тешкиот период кој следи.

    Немам ништо против големите играчи, они ја развиваат индустријата и неможеме без нив, но тие ќе преживеат, моќни се и имаат поголеми инстанци кои ќе им помогнат.

    Од вас мој пријатели барам да насочите што повеќе од вашите расходи кон овие мали бизниси со тоа што кога ќе пазарите ќе гледајте што повеќе од артиклите да ги набавите од локалните продавнички, мини маркети, тобака, пекари, рибници, тезги, итн. Ако сте финансиски способни нарачајте достава на храна до дома или земете за носење од најблиското кафанче, сендвичара, слаткарница. Ако купувате работи од аптека посетете ги прво помалите пред да идете кај големите гиганти. Кога купувате производи купувајте Македонски производи за да им помогнеме на домашните производители.

    Има многу начини како да помогнете, помагајки им нив си помагате себеси!

    Ова го пишувам во својство на физичко лице и се надевам дека моите пријатели кои имаат или работат во поголемите бизниси нема да ми замерат затоа што голем дел од нив живеат баш од оваа економска група, пишува во објавата Џиков.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично