ПОВЕЌЕ

    УНИБанка од 28- ми започнува со предвремена исплата на мартовските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Со цел да излеземе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, УНИБанка овозможи исплатата на пензијата за месец март на трансакциска сметка да биде на 28-ми март (вторник) 2023 година, стои во известувањето од банката.

    Пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од 28-ми март (вторник) 2023 година, додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира започнувајќи од 28-ми март (вторник) 2023 година секој работен ден во експозитурите на Банката.

    Исплатите преку шалтер ќе се вршат по следните критериуми:

    • Во вторник, на 28.03.2023 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
    • Во среда, на 29.03.2023 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
    • Во четврток, на 30.03.2023 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
    • Во петок, на 31.03.2023 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

    Пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, посочуваат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично