
Некои денови едноставно не се пропуштаат, првиот училишен ден е еден од нив. Новото ранче, возбудата, првото ѕвонче, моменти што остануваат во сеќавање засекогаш.
Токму затоа, УНИБанка организираше посебно дружење за децата на своите вработени кои оваа година стануваат првачиња. Во весела атмосфера, со аниматор, игра и многу насмевки, секое дете доби можност да се претстави и да го покаже својот талент и она што го прави посебно. Првачињата одговараа и на едноставни, но многу симпатични прашања. Нивните одговори и изведбите предизвикаа многу насмевки и можете да ги погледнете на следниот ЛИНК
Малите таленти добија големи аплаузи, а секое прваче доби и подарок од УНИБанка за среќен почеток на новата училишна авантура.
Во УНИБанка веруваме дека грижата за вработените значи да бидеме тука за нив и во моментите што им значат најмногу. Затоа, и оваа година, им овозможивме слободен ден на првиот училишен ден на сите вработени чии деца се првачиња, за да бидат покрај своите најмили кога започнува едно од најважните поглавја во нивниот живот.
Со оваа иницијатива продолжуваме да градиме средина во која се важни луѓето, семејството и моментите што навистина значат.
Среќно, првачиња!
Аналитика








