ПОВЕЌЕ

    За акционерите на Оилко – денес почнува исплатата на дивидендата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Оилко КДА денес почнува со исплата на дивидендата за своите акционери. Бруто-дивидендата изнесува 600 денари по акција, а за оваа намена компанијата издвои вкупно 141,543 милиони денари, односно околу 2,3 милиони евра.

    Оилко минатата година ја завршил со добивка од 7,3 милиони евра добивка. Покрај дивидендата, значителен дел од заработката, речиси 4,5 милиони евра, е насочен кон посебни резерви за откуп на сопствени акции. ИСто така, средства се издвоени и за задолжителната општа резерва, како и за вработените и управителот.

    Акцијата на Оилко моментално има просечна берзанска цена од 6.000 денари. Сепак, со оваа акција тргувањето е исклучително слабо. Според податоците на Македонска берза, во последните 52 недели е регистрирано само едно тргување, на 12 март годинава.

    Оттаму, дивидендата од 600 денари претставува 10 отсто од актуелната просечна цена на акцијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично