
Хартиите од вредност на пет друштва биле предмет на нетрговски трансфери минатата недела. Низ седум трансакции нови сопственици добиле 2.457 обични акции.
Од вкупниот број, 2.028 акции се на Комерцијална банка. Преносите се вршени на трипати: 3 акции во понеделник, 2.000 во среда и 25 во четврток. Најтргуваната акција на Македонска берза има просечна цена од 25.898,29 денари.
Во текот на првиот ден од минатата седмица, трансферирани биле и 33 акции на Стопанска банка Скопје. Нивната просечна цена е 1.950 денари, а последното тргување е со датум од 24 август.
Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, во вторникот биле процесуирани 35 обични акции на МЗТ Пумпи АД Скопје. Просечната цена за акција е 607 денари, а во изминатите 52 седмици регистрирани се пет берзански тргувања.
Најголемиот дел од акциите биле трансферирани во средата – 2.358, бидејќи тука спаѓаат и споменатите 2.000 на Комерцијална банка. Тогаш бил извршен преносот и на 339 обични акции на Алкалоид, чијашто просечна вредност е 24.419,30 денари. Тука се и акциите на Ветекс АД Велес, 19 на број. Според податоците од Берзата, со овие акции не се тргувало во последните 52 недели.
Аналитика








