ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка предвремено ќе ги исплати пензиите од 27-ми декември 2021 година

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка известува дека почнувајќи од 27-ми декември 2021 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец декември на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

    Oд 27.12.2021 г. (понеделник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат  со пензијата, преку  мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје или во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

    • до 11.000 денари на 27.12.2021 г. (понеделник)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 28.12.2021 г. (вторник)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 29.12.2021 г. (среда)
    • над 18.000 денари на 30.12.2021 г. (четврток)

    Со цел заштита на здравјето, апелираме средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство  TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

    При неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваме дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично