
„Во парламентарната демократија, реконструкција на влада е редовен демократски механизам преку кој се зајакнува капацитетот на институциите и се обезбедува нова енергија таму каде што е потребно. Затоа денешната расправа треба да биде насочена кон програмите, приоритетите и одговорноста што секој предложен министер ја презема пред граѓаните и пред ова Собрание, а не дискусија со празни демагогии,” истакна Мартин Стојановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Стојановски посочи дека реконструкцијата на владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите, потенцирајќи дека единствениот вистински критериум се резултатите што граѓаните ќе ги почувствуваат.
„Независно од различните политички ставови во оваа сала, верувам дека сите сме свесни за едно, граѓаните очекуваат работа, одговорност и резултати, затоа оваа расправа не смее да се сведе на политички флоскули, туку на сериозна дебата за тоа какви политики се потребни за Македонија и какви резултати очекуваме од секој којшто ќе преземе јавна функција,” рече Стојановски и додаде:
„Реконструкцијата на Владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите. Не е успех ниту неуспех сама по себе. Единствениот вистински критериум се резултатите што граѓаните ќе ги почувствуваат во своето секојдневие.”
Аналитика








