ПОВЕЌЕ

    Рубљата паѓа поради тензиите меѓу Русија и Украина

    Време зa читање: 2 минути

    Руската берза забележа пад од повеќе од 4% од вредноста, поради што националната валута на државата истовремено забележа најслабо ниво во последните неколку години. Во моментов 78 рубљи се менуваат за еден долар.

    Колапсот на руската валута доаѓа во време на тековните геополитички тензии кои произлегуваат од тврдењето дека Русија планира да ја нападне Украина, пишуваат домашните медиуми. И додека тие го цитираат ставот на Москва за „западната хистерија“, Европа и САД се прилично загрижени.

    „Очекуваме руските акции да продолжат да опаѓаат, поради ескалацијата на геополитичките тензии“, пренесува АФП, цитирајќи аналитичари од Алфа Ванка.

    Според Renaissance Capital, цената на рубљата во однос на доларот може да падне и до 20%  во случај на воена ескалација помеѓу Русија и Украина. Според последните информации, Руската федерација  натрупала повеќе од 100.000 војници на границата со Украина и според многу земји воен судир може да избие секој момент. САД и САД наредија дел од дипломатите заедно со семејствата да ја напуштат Украина, додека пак Русија ги негира обвиненијата дека планираат инвазија.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично