ПОВЕЌЕ

    Препораки од НБРМ во врска со исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита

    Време зa читање: 3 минути

    По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, притоа водејќи грижа за заштита на јавното здравје, НБРМ апелира:

    При посета на филијалите и експозитурите на банките, корисниците на парична помош од социјална и детска заштита коишто досега не поседуваат дебитна картичка, да го поднесат барањето за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, од следниот месец, паричната помош од социјална/детска заштита ќе им биде достапна без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките за да подигнат готовина.

    При посетата на филијала/експозитура да се реализираат и другите банкарски услуги за коишто корисникот на паричната помош смета дека во овој период е потребно физичко присуство, со цел да не мора неколкукратно да ја посетува банката во краток период.

    Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитна картичка и од вторник, 2 јуни 2020 година, ќе располагаат со средствата, заради заштита на јавното здравје да настојуваат секогаш кога имаат потреба од готовина, за таа цел да ги користат банкоматите. Со тоа ќе придонесат за помало физичко присуство во банките и ќе им дадат предност на корисниците коишто во моментот не поседуваат дебитна картичка. Во трговската мрежа, секогаш кога е можно, најсоодветно е плаќањата да се вршат безготовински – со употреба на картичката.

    При посета на филијалите и експозитурите да се почитува обврската за носење лична заштитна опрема (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба и слично).

    Да се почитуваат насоките за задолжителна дистанца од другите лица, пред и во објектите на банките.

    Да се почитуваат насоките за дезинфекција на рацете при влез во објектите на банките.

    Од НБРМ потсетуваат дека според веќе објавениот распоред, исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, за корисниците коишто не поседуваат дебитна картичка ќе се спроведе во три групи, по азбучен ред, според првата буква од презимето:

    • во вторник, 2 јуни – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
      · во среда, 3 јуни – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
      · во четврток, 4 јуни – П Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Оттука апелираат за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица пред филијалите и експозитурите на банките да биде помала, во корист на здравјето.

    И при оваа исплата, Народната банка ќе биде во интензивна комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата да се остварат на начин којшто е најсоодветен за да се заштити јавното здравје.

    Извештај за позначајни движења во платниот биланс во првиот квартал во 2020 [ т у к а ]

    Шпанија воведува безусловна основна плата [ т у к а ]

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично