ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” ДЕНЕС: КАКО ,,СИСТИНА” ГО НАДМУДРИ ,,ЖАН МИТРЕВ”-,,Систина” во корона кризата профитирала 5,5 пати повеќе, ,,Жан Митрев”, 2,3 пати

    Време зa читање: 3 минути

    Пандемијата се прогласи на 11 март 2020 година и оттогаш „бизнисот“ на приватните болници одеше по нагорна линија, како се засилуваше пандемијата.

    Високите профити минатата година се остварија и покрај острите критики во јавноста, по што реагираше Владата и даде зелено светло за измени во Законот за здравствена заштита, со кои беше овозможено таа да ги лимитира цените во приватните здравствени установи при утврдено постоење на кризна состојба заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест.

    Несомнено е дека болниците се скапа инвестиција и дека тие на приватникот треба да му донесат заработка. Исто така, јасно е и дека привлекувањето на врвните специјалисти чини пари. Јасно е и дека од профитот се прават нови инвестиции, вложувања во нова клиничка опрема. Но, јасно е и дека приватните болници (нивните газди) во пандемијата ја загубија човечноста.

    Од 3,1 милион евра колку што и била добивката во 2019 година пред кризата на приватната болница Аџибадем Систина профитот и скокнал на 17,3 милиони евра. Тоа значи дека оваа болница успела во корона кризата профитот да го зголеми за 5,5 пати. На Жан Митрев Клиник, пак, добивката од 4 милиони евра во 2019 година минатата година и пораснала на 9,2 милиони евра. Иако пред кризата имала поголема добивка од Систина во корона кризата добивката и се зголемила за 2,3 пати.

    Дури и во 2020 година Жан Митрев имала двојно поголема добивка од Систина и изнесувала 8,1 милион евра. Систина во 2020 година пријавила профит од 5,8 милиони евра. Сепак, во 2021 апсолутно води Систина со речиси двојно поголема добивка од Жан Митрев.

    Зелени, евтини и побезбедни- дали енергетската криза ќе биде заслужна за „камбек“ на нуклеарките?

    Уделот на нуклеарната енергија во светското производство на електрична енергија падна од 17,5% во 1996 година на 10,1% во 2020 година. Но, владите посветени на амбициозните цели за климатските промени сега почнаа повторно да размислуваат за нуклеарната технологија.

    Читајте: Ролс-Ројс прави модуларни нуклеарни реактори

    Форум за инвестиции во соларна енергија

    Во хотелот „Александар Палас“, ПроКредит Банка e домаќин на настанот „Наше Сонце, наша енергија, наши инвестиции“. Носечката тема на настанот беше презентацијата на постапките и предизвиците во процесот на инвестирање во фотоволтаични централи поставени на земја, наменети за производство и продажба на електрична енергија добиена од обновливи извори.

    ЧИТАЈТЕ УШТЕ

    КИНА КОНЕЧНО ЗАГРИЖЕНА: СИНЏИРИТЕ ЗА СНАБДУВАЊЕ ВО ОПАСНОСТ ПОРАДИ КОВИД-ЛОКДАУНОТ

    ЗЛАТНИТЕ КРИПТОМОНЕТИ БЛЕСКААТ СРЕДЕ ГЛОБАЛНИОТ МРАК

    ФЕРАРИ ГО ЛАНСИРАШЕ ХИБРИДНИОТ КАБРИОЛЕТ МОДЕЛ 296 GTS

    ДОЛАРОТ НАЈСИЛЕН ВО ОДНОС НА ЈАПОНСКИОТ ЈЕН ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ, ЕВРОТО ЕДВАЈ СЕ ДРЖИ

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично