ПОВЕЌЕ

    Кина конечно загрижена: синџирите за снабдување во опасност поради ковид-локдаунот

    Време зa читање: 3 минути

    Синџирите на снабдување во Кина мора да се стабилизираат и покрај постоењето на Ковид-19, а локалните власти мора да им помагаат на клучните компании да се вратат на работа, изјави кинескиот премиер Лиу Хе за официјалната новинска агенција Ксинхуа.

    Разгорувањето на Ковид-19 во големите кинески индустриски центри како Шангај ги ​​поремети кинеските логистички синџири, предизвикувајќи гужви на автопатите и пристаништата, ја блокираше работата на бројните фабрики, а прекините сѐ повеќе се прелеваат во глобалните синџири на снабдување. Податоците од понеделникот покажаа значително забавување на економската активност на Кина во март, а аналитичарите велат дека април најверојатно ќе биде полош како што продолжуваат локдауните, пренесува Ројтерс.

    Кинескиот вицепремиер најави дека кинеската Влада ќе создаде „бел список“ на клучни индустриски фирми на кои им е потребна помош за закрепнување од прекините. Министерството за индустрија и информатичка технологија соопшти дека ќе работи со 666 компании кои произведуваат полупроводници, автомобили и медицински сектор во затворениот Шангај.

    Кинеската Влада вчера одржа состанок и со претставници на странски стопански комори и на клучни странски компании, на кој главна тема бил синџирот на снабдување. Осумте присутни групи беа Европската, германската, јапонската, јужнокорејската и британската комора, како и AmCham China, AmCham Шангај и американско-кинескиот деловен совет.

    Јенс Хилдебрант, извршен директор на Германската стопанска комора во Северна Кина, рече дека состанокот им дозволил да ги покренат итните прашања со кои се соочуваат компаниите-членки поврзани со стратегијата на земјата за ограничување на Ковид, особено во Шангај. „Сегашната политика со заклучувања што доведуваат до запирања на производството, прекини на логистиката и синџирот на снабдување и ограничувања на движењето на луѓето не само што претставуваат краткорочна загриженост, туку ќе остави свои траги на долг рок“, изјавил Хилдебрант. „Бараме јасни сигнали за тоа како кинеската влада ќе помогне да се олесни товарот преку програми за олеснување, како што се намалување на даноците, намалување на плаќањата за социјално осигурување, одбивања за кирии“.

    Кинеската влада досега не покажа знаци на напуштање на “Нула Ковид“ стратегијата што ја застапуваше претседателот Кси Џинпинг, иако најновите податоци покажаа дека заклучувањата почнаа силно да ја оштетуваат економијата.  Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија во петокот соопшти дека ќе го поттикне продолжувањето на производството во големите фабрики во Шангај, бидејќи се обидува да обезбеди непречени синџири на снабдување. Градот потоа објави план во саботата навечер да им дозволи на некои компании да ги рестартираат своите активности, иако немаше дадено распоред.

    Стивен Линч, управен директор на Британската стопанска комора во Кина, рече дека неговата група истакна дека Кина се намалува како атрактивна дестинација за инвестиции и таленти. „Би сакале да видиме јасност за динамичната политика на Кина „Ковид-19“, а мерките според оваа политика треба да бидат директно пропорционални на ризикот што се поставува“, рече тој.

    Американската комора за стопанска соработка помеѓу Кина и САД, AmCham China во билтенот објави дека покренала проблеми околу одредени кинески апликации за контрола на Ковид кои не работат за луѓе со странски пасоши. Исто така, изјавија дека се залага за пристап до странски вакцини, кои владата сè уште не ги одобрила за употреба.

    Партискиот весник „Глобал тајмс“ го отфрли ставот на Европската комора, велејќи дека „пристрасното оцрнување против кинеската политика за спасување животи е контрапродуктивно“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично