ПОВЕЌЕ

    Објавен нов научен труд од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска – Централното банкарство во периодот по Глобалната економска криза

    Време зa читање: 2 минути

    Неодамна е објавен нов научен труд од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска – Централното банкарство во периодот по Глобалната економска криза.

    Кризата доведе до преиспитување на целите, стратегиите и инструментите на централната банка, со посебен осврт на интеракциите меѓу монетарната политика и финансиската стабилност.

    Во трудот, Ангеловска-Бежоска, меѓу другото, се осврнува и на недостатоците коишто излегоа на површина за време на кризата, дебатите меѓу академските кругови и креаторите на политиките, како и на новото размислување за улогите и одговорностите на централните банки.

    Истовремено гувернерката се осврнува и на влијанието на кризата врз улогата и задачите на нашата централна банка. Како што истакнува таа, во последната деценија, кај нас, законската рамка и оперативните практики беа изменети заради зајакнување на овластувањето за одржување на финансиската стабилност и макропрудентната политика на Народната банка, зајакнување на координацијата на финансиската стабилност меѓу регулаторите на финансискиот систем, како и подобрување на микропрудентната супервизија.

    Беше надградена и статистичката рамка, заради поткрепување на одлучувањето за монетарната и финансиската политика. Покрај тоа, како што нагласува Ангеловска-Бежоска, со оглед на важноста за зачувување на финансиската стабилност, особен акцент беше ставен на финансиската едукација и заштитата на потрошувачите.

    Трудот е достапен на:  линк

    http://nbrm.mk/content/central_banking_in_the_aftermath_of_the_global_economic_crisis.pdf?fbclid=IwAR3ihhQMIN-I9Ja9VRyZYKU722V9vM0vYmWa0hY6xU5OoTk8CTCNJLXPcuM

    Претходно беше објавен и во сериската публикација „Прилози“ на Одделението за општествени науки на МАНУ.

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично