ПОВЕЌЕ

    На денешен ден пред 77 години е формирана Банката која денес ја знаеме како Стопанска банка АД – Скопје

    Време зa читање: 3 минути

    На денешен ден пред 77 години е формирана Банката која денес ја знаеме како Стопанска банка АД – Скопје.

    Стопанска банка одбележува најдолга традиција на пазарот, но и продолжува посветено да создаваме вредности за сите кои се поврзани со Банката – заедницата, клиентите, соработниците, акционерите и вработените.

    Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија.

    Во модерното опкружување, кое е во постојан подем и движење, каде што личните потреби и очекувања се менуваат и каде што клиентите знаат повеќе, бараат повеќе и прават повеќе, Стопанска банка настојува да отвори нови можности преку понуда на финансиски производи и услуги што соодветствуваат на овие промени и што се лесно достапни со помош на современи дистрибутивни канали.

    Со понудата на широка палета иновативни производи и услуги целосно ориентирани кон потребите на клиентот, Стопанска банка се стреми да биде партнер од доверба за своите коминтенти поддржувајќи го нивниот растеж и задоволувајќи ги нивните потреби на лесен и ефикасен начин, со цел од ден во ден да им овозможи остварување на сопствениот потенцијал и максимални животни постигнувања. Истовремено, СБ е посветена на создавање економска вредност за своите акционери, како и позитивно опкружување што ги инспирира вработените на Банката.

    Банката го заврши третиот квартал од 2021 година со позитивен резултат од 32.6 милиони евра добивка пред оданочување, што е 28% подобар во споредба со резултатот од истиот период во 2020 година. Во исто време, вкупната актива достина 1.737 милиони евра што претставува 1% пораст во споредба со 2020 година.

    Подобрени перформанси има во сите позиции, пред се, како резултат на воспоставениот бизнис модел на Банката, прилагоден на потребите на клиентите и пазарот. Истиот период во 2020 година беше под изразено влијание на пандемијата и подобрените резултати беа планирани и очекувани за 2021 година.

    Во билансот на успех за првите 9 месеци има пораст на нето приходите од провизии и надоместоци за 16%, 40% повисоки приходи од курсни разлики, 3% пораст на нето приходите од камати а во исто време Банката успеа да ги одржи оперативните трошоци на релативно исто ниво, како предходната година.

    Кредитното портфолио на Банката расте за 7% во однос на 31.12.2020, односно околу 76 милиони евра повеќе беше одобрено во кредитни производи за економијата, при стабилна состојба на депозитите. Банката продолжува да биде стабилна и самостојно финасирана, што може да се заклучи од соодносот кредити/депозити кој изнесува 89%, оставајќи доволно простор за понатамошен раст. Посветеноста на Банката кон клиентите, која е главен фокус и предизвик во исто време, останува да биде еден од приоритетите.  Банката ќе продолжи да ги реализира започнатите проекти за дигитализација и подобрување на каналите за комуникација со клиентите, како и да ги подобрува функционалностите на постојните канали, на тој начин уште повеќе приближувајќи се до клиентите, посебно во услови на пандемија.

    Банката бележи високо пазарно учество од 27% во кредитирање за население и нагорен тренд во корпоративното кредитирање кое постигна 15.14%. Покрај сето ова, како и досега, менаџерскиот тим продолжува да го развива човечкиот потенцијал и да обезбедува бизнис континуитет, а  исто така Банката ќе продолжи да биде поддршка на заедницата во справување со продолжената ковид пандемија и нејзините ефекти врз општеството и економијата.

    Редакцијата Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично