ПОВЕЌЕ

    Најбогатите во еден ден изгубија 120 милијарди евра поради коронавирусот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Петстотини најбогати луѓе во светот во понеделникот изгубија вкупно 139 милијарди американски долари (повеќе од 120 милијарди евра), а пазарите во понеделникот се “закочија” поради стравувањата дека ширењето на коронавирусот ќе ја загрози глобалната економија, објави Bloomberg.

    Тоа е најголемата загуба за најбогатите жители на планетата од листата на Bloomberg од октомври 2016 година, кога за прв пат беше спроведено такво истражување.

    Бернард Арно, третиот најбогат човек во светот и генерален директор на луксузните производи LMVH, изгуби 4,8 милијарди долари, а без истата сума остана и директорот на Amazon, Џеф Безос, објави синоќа Bloomberg.

    Амансио Ортега, извршен директор на Zara, изгуби четири милијарди долари, а богатството на останатите десет најбогати е намалено за најмалку 2,3 милијарди долари.

    Кина, која е жариште на коронавирусот, учествува со 40 проценти од светскиот пазар на луксузни производи.

    Падот на пазарот особено ги погоди акциите на агенциите кои организираат крстарењa.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично