ПОВЕЌЕ

    НАЈБОГАТА РУСИНКА: Татјана Бакалчук има богатство од 1,4 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Најбогатата жена во Русија е Татјана Бакалчук, сопственик и основач на интернет продавницата Wildberries, објави денеска магазинот Forbes.

    Нејзиното богатство, според Forbes достигнало 1,4 милијарди долари.

    Бакалчук од водечката позиција ​​ја „собори“ долгогодишната лидерка на таа ранг-листа, Елена Батурин, шеф на компанијата Inteco Managment и вдовица на поранешниот градоначалник на Москва, Јури Лужков, а чие богатство се проценува на 1,2 милијарди долари.

    Американскиот магазин забележува дека новата проценка на богатството на Татјана Бакалчук ​​е резултат на пораст на прометот од 88 проценти, на 223,5 милијарди рубљи (3,63 милијарди долари), која ја забележа нејзината интернет продавница Wildberries за 2019 година.

    Според Forbes, Бакалчук прв пат се нашла на списокот на најбогатите луѓе во Русија во 2018 година, кога нејзиното богатство било проценето на 600 милиони долари. Една година подоцна, имотот речиси двојно и се зголемил, што и овозможило да го заземе второто место зад Батурин.

    Онлајн продавницата Wildberries постои 15 години и работи во земјите на Евроазиската економска унија. Присутна е и на пазарите во Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Ерменија и Полска.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично