ПОВЕЌЕ

    Македонска Берза АД Скопје го објави Годишниот билтен за 2019 година

    Време зa читање: 2 минути

    Македонска Берза АД Скопје на својата официјална интернет-страница го објави Годишниот билтен за 2019 година.

    Согласно дадените податоци, пазарните движења во 2019 година се со вкупен промет од 7.700.625.682 денари што претставува пад од 26,06% во споредба со минатата година. Додека пазарната капитализација на акции изнесува 185.421.433.527 денари што е за 14,34% поголема во однос на минатата година.

    МБИ10 има зголемување за 34,01% со вредност 4.648,89 на 30.12.2019 година што претставува и максимална вредност за цела 2019 година.

    1. Најголем број на трансакции се реализирани на Комерцијална банка АД Скопје, односно 3.660, како и со најголем промет во износ од 1.397.188.603 денари со просечна цена по акција 6.648 денари.

    2. На второ место според бројот на трансакции е Алкалоид АД Скопје со 2.722 и вкупен промет од 858.143.446 денари, со просечна цена по акција 11.900 денари.

    3. На трето место е Макпетрол АД Скопје со 2.473 трансакции и вкупен промет од 729.114.024 денари, со просечна цена по акција 77.850 денари.


    Годишниот билтен за 2019 година можете да го преземете на следниов линк.


    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично