ПОВЕЌЕ

    Кои се најбогатите пензионери во државата, имаат највисока просечна пензија од 23 590 денари

    Време зa читање: 3 минути

    Кои се најбогатите пензионери во државата? Статистиката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување вели дека просечната пензија во мај  била 16,338 денари.

    Највисоката просечна пензија изнесува 23 590 денари и таа е воената пензија, додека пак најниска просечна пензија ја имаат корисниците на земјоделската пензија и изнесува 8,484 денари.

    Висината на просечната старосна пензија изнесува 17,639 денари, на инвалидската 14,693 и на семејната 13,038 денари.

    Најголем дел од пензионерите стекнале пензија врз основа на работното право и ниниот број изнесува 327,149. Корисници по воено право има 917 и по земјоделско право 97-мина.

    Статистиката на ПИОМ за мај вели дека според корисниците на пензија по групи на исплати со 31.11 проценти најмногу има пензионери кои земаат пензија над 18.001 денар или во апсолутна бројка нивниот број е 102,081. Втората најбројна група на исплати со учество од 27.51 процент се исплатите до 11,500 денари, а бројот на пензионери со овие примања изнесува 90,260.

    Од 11, 501 денар до 14,000 денари процентуалното учество изнесува 20.24 и нивниот број е 66,429 пензионери. И пензии од 14,001 до 18,000 денари земаат 69,369 пензионери или 21.14 проценти.

    НАЈНИСКИ ПЕНЗИИ

    Точно 3,005 пензионер во мај ја земале најнискaта пензија во висина од 10.276 денари. Станува збор за пензионери кои правото да заминат во пензија го оствариле  од 01.01.1997 година и тоа во третата група.

    Според последните објавени податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) за месец мај, во категоријата најниски пензии висината на месечните примања на пензионерите се движат од 10.276 до 13.172 денари. Вкупниот број на пензионери кои спаѓаат во категоријата со најниски пензии изнесува 81 785 или секој четврт пензионер во државава влегува во оваа категорија.

    Бројката од 3,005 пензионери се најсиромашните помеѓу пензионерите со најниски примања. Најбројни корисници, пак на најниски пензии се оние што оствариле право на пензија по 2002 година, нивниот број е 67,444. Од нив, 44,235 земаат пензија малку над најмалата, односно 10.791 денар.

    МАКСИМАЛНИ ПЕНЗИИ

    За разлика од пензионерите со најниски пензии кои се 25% од вкупниот број на пензионери во земјава, процентот на пензионери кои уживаат во најголемите пензии е само 0,4 отсто.

    Во бројка тоа изнесува 1,352. Во оваа група висината на пензиите се движи од 41.724 денари до највисоката 60.294 денари. Од нив, најмногу 870 пензионери земаат пензии во висина од 43.465 денари. Највисоката меѓу максималната пензија (60.294 денари) што почна да се исплаќа од март ја земаат 28-мина или во оваа најдобитна комбинација се придружиле уште петмина во мај месец во однос на претходниот април.

    БРОЈОТ НА ПЕНЗИОНЕРИ ЗГОЛЕМЕН ЗА 1,488 ЛИЦА

    Бројот на пензионери во мај во однос на претходниот април месец се зголемил за 1,488 лица, пресметал Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Со тоа, вкупниот број на пензионери во државата сега изнесува  328 133 лица. Во мај бројот на нови корисници на пензија изнесувал 1899. Истиот месец починале 765 пензионери.

    Редакција Пари

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично