ПОВЕЌЕ

    Извадени цитати од интервјуто со Зоран Витанов

    Време зa читање: 2 минути

    Зоран Витанов е македонски политичар и економист. По завршувањето на средното образование во 1990 година, тој дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Зоран Витанов е еден од сопствениците и основачите на Трејд Консалтинг, компанија која нуди услуги во областа на економијата и финансиите.

    •  Никој не може да ве спречи вас во личниот раст и придонес во општеството, се додека вие сте визионер!
    •  Или ќе се менуваме, или технологијата присилно ќе не вкалапи.
    •  Пречките на кои наидуваме, се патоказот кој треба да го следиме на патот кон успехот.
    •  Повеќето пари можат да овозможат повеќе време. Повеќето време ви овозможува повеќе слобода, а слободата е таа што ве прави среќни!
    •  Само кога се ослободуваме од нив (парите), тие добиваат реална употребна вредност.
    •  Вие неможете да не успеете се додека се обидувате да успеете. Единствено доколку сами се откажете, сами одлучувате да не успеете. Патот до успехот ве води само преку голем број на мали неуспеси.
    •  Среќата е изговор на неуспешните за резултатот што го постигнуваат успешните.
    •  Кога ќе поверувате во успехот, желбата да успеете станува поголема од болката да не успеете.

    Целото интервју може да го прочитате тука: Ексклузивно интервју со Зоран Витанов

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично