ПОВЕЌЕ

    Верверичката на Комерцијална банка подготвена за „Златно славејче 2023“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка и нејзината Верверичка со особена возбуда и радост го очекуваат годинашното издание на детскиот фестивал „Златно славејче“ затоа што се подготвуваме за весела дружба и многу подароци за дечињата.

    Како долгогодишен спонзор на најомилениот фестивал на децата, Комерцијална банка и Верверичката, на свое огромно задоволство, и годинава ќе се дружат со златните славејчиња и со публиката.

    Празникот на детската музика, кој опстојува веќе пет децении, ќе го збогатиме со убави подароци, многу изненадувања и со целодневна дружба со Верверичката во фоајето на Македонската филхармонија.

    „Златното славејче“ е македонската ризница на детски песни, кои станаа хитови на многу генерации, и затоа Комерцијална банка е особено горда што 18 година е спонзор на овој музички настан и како општествено одговорна компанија придонесува за зачувување на неговата богата традиција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично