ПОВЕЌЕ

    Бруто надворешниот долг на Словенија 108,3 отсто од БДП во 2021 година

    Време зa читање: 2 минути

    На крајот на декември 2021 година, бруто надворешниот долг на Словенија изнесувал 50,8 милијарди евра, што е 108,3 отсто од бруто домашниот производ по тековни цени, додека бруто странските побарувања изнесувале 51,2 милијарди евра, покажуваат податоците на Централната банка на Словенија.

    Според словенечката агенција СТА, бруто надворешниот долг, како дел од вкупниот долг на земјата по задолжување од странски кредитори, лани се зголемил за 3,0 милијарди евра во однос на истиот месец во 2020 година.

    Зголемувањето е главно резултат на зголеменото задолжување на централната банка, странските филијали и нефинансиските корпорации, пишува српски Дневник.

    Надворешниот долг на Словенија е намален за две милијарди евра, се додава во информацијата.

    Нешто помалку од половина од надворешниот долг е долг на државните институции, а нешто повеќе од една петтина (21,5 отсто) е долгот на комерцијалните банки и централната банка, се вели во извештајот на Банката на Словенија.

    Надворешните побарувања од 51,2 милијарди евра се зголемени за 3,2 милијарди евра во однос на крајот на 2020 година.

    Суфицитот на тековната сметка на Словенија во 2021 година изнесуваше 1,7 милијарди евра, што е нешто помалку од половина од суфицитот во претходната година.

    Суфицитот во трговската размена со светот е намален за 1,9 милијарди евра, додека во трговијата со услуги е зголемен за 388 милиони евра, пренесува словенечката агенција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично