ПОВЕЌЕ

    Битиќи: Оптимист сум дека ќе се најде решение и до генерален штрајк во УЈП нема да дојде

    Време зa читање: 2 минути

    Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, се надева дека нема да дојде до реализација на најавата за генерален штрајк во Управата за јавни приходи, односно со помош на медијаторот ќе се дојде до решение.

    Вработените во УЈП заедно со Синдикатот минатата недела побараа медијатор. Тој е назначен и имаат период од десет дена да најдат решение. Јас сум оптимист дека решение ќе се најде и дека мерката на генерален штрајк не би требало да се случи“, вели вицепремиерот.

    Подготвеност за разговори има, нагласи Битиќи. Според неговата најава, во четврток ќе заседава Економско-социјалниот совет, при што ќе биде разгледан општиот колективен договор со новата методологија. Се работи на новата методологија за плати во јавниот сектор и кога ќе се вгради во општиот колективен договор ќе важи за сите структури во јавниот сектор.

    Синдикатите дојдоа до решение дека новата методологија за сите вработени во јавниот сектор треба да биде просечна плата помножена со коефициент, истата методологија која се аплицира кај избраните и именуваните лица. Ние рековме дека таа методологија ја прифаќаме и работиме на тоа системско решение. Кога тоа ќе го направиме во општиот колективен договор, содветно ќе се аплицира во сите структури во јавниот сектор“, наведе Битиќи

    За начинот на кој се обезбедени пари за зголемените плати на функционерите, вицепремиерот рече дека тоа е постигнато со пренамена на средства. Како што наведе, бројот на опфатените со таа измена не е толкав, за да направи дисторзија на функционирањето на државата и на Буџетот. Пренамената и досега е практикувана, односно според Битиќи, „соодветно се постапува кога се потребни средства во други буџетски сметки“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично