ПОВЕЌЕ

    АНКЕТА НА НАРОДНА БАНКА: Експертите очекуваат поголема инфлација и следните две години

    Време зa читање: 2 минути

    Експертите очекуваат зголемување на инфлацијата во земјава. Очекувањата за 2021 година упатуваат на просечна стапка од 2,8 отсто, наспроти 2,3 проценти во претходната анкета на Народната банка за инфлациските очекувања. Повисоки се и очекувањата за 2022 и 2023 година, односно испитаниците очекуваат дека стапката на инфлација ќе изнесува 2,5 отсто во 2022 година иако рекле дека ќе биде 2,1 процент во претходната анкета и 2,3 отсто во 2023 година за која во претходната анкета сметале дека ќе има инфлација од 2 проценти.

    -Слично како и во претходната анкета, испитаниците ги објаснуваат своите инфлациски очекувања пред сѐ со постепеното стабилизирање на состојбата предизвикана од пандемијата на ковид-19 којашто би довела до зголемена домашна побарувачка, како и повисоките цени на увезените добра, како што се цените на храната и енергијата. Исто така, испитаниците сметаат дека монетарните и фискалните мерки, и растот на платите би придонесле кон повисок раст на инфлацијата. Од друга страна, пролонгирањето на кризата и повторното воведување рестриктивни мерки за справување со вирусот, а со тоа и зголемување на неизвесноста и забавување на закрепнувањето на домашната економија, како и евентуално пониските увозни цени би можеле да доведат до пониска стапка на инфлација, велат од Народната банка.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично