ПОВЕЌЕ

    Форбс: Загуба од 78 милијарди долари за 20-те најбогати за само еден ден

    Време зa читање: < 1 минутa

    Речиси 78 милијарди американски долари изгубија дваесетмината најбогати луѓе во светот, поради вчерашниот најголем пад на клучните индекси на берзата во Њујорк од октомври 1987 година, јави „Форбс“.

    Според експертите од списанието, најголеми загуби претрпел извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, а откако цената на акциите на компанијата паднала за 8 проценти, тој изгубил речиси осум милијарди долари. Финансиската состојба на извршниот директор на француската група компании ЛВМХ (Луис Витон Мот Хенеси) Бернар Арно се намали за 7,7 милијарди долари за еден ден.

    Исто така, на списокот на „Форбс“ се наоѓа и основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, кој загуби 5,7 милијарди и милијардерот Лери Елисон, чиј биланс се намали за 5,6 милијарди американски долари.

    Вчера клучните индекси паднаа повеќе од 9 проценти по трговската сесија на Њујоршката берза, во услови на загриженост поради ширењето на новиот коронавирус. Тоа е најголемиот крах на цените на акциите од октомври 1987 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично