ПОВЕЌЕ

    Таргет Груп со иницијатива за Дигитална солидарност

    Време зa читање: 2 минути

    Компанијата Таргет Груп започна со иницијатива за #дигиталнасолидарност и воедно ги повикува сите компании со дигитални услуги да се приклучат кон оваа иницијатива.

    Таргет Груп, во период од 30 дена овозможува на сите правни лица од нашата држава бесплатен пристап до платформата БизнисМрежа.мк (поддржана од фондот за иновации и технолошки развој #FITR) – основен пакет со цел да помогнат во работењето и донесувањето на паметни деловни одлуки.

    За бесплатно активирање ги повикуваат сите заинтересирани компании да го пополнат следниот формулар http://biznismreza.mk/offer-2?p=basic и во коментар да внесат “Дигитална Солидарност“.

    Компаниите со бесплатниот основен пакет на БизнисМрежа.мк добиваат детален онлајн преглед на работењето на сите регистрирани компании од Македонија, преглед на нивното финансиско работење, регистарски податоци, можност за следење на клучните промени кај компаниите (мониторинг) се со цел навремени информации за носење паметни деловни одлуки.

    Платформата БизнисМрежа.мк е поддржана од ФИТР и благодарение на овој проект македонските компании имаат онлајн пристап до сите клучни информации за бизнисите во државата. Платформата е единствена од ваков тип во државата е претставува иновативно решение кое започна со функционирање регионално и низ светот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично