ПОВЕЌЕ

    Стрмоглав пад на цената на нафтата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Цената на нафтата „Брент“за испорака во мај на берзата во Лондон утрово се намали за 43,4 отсто на 31,57 долари за барел.

    Голдман Сакс ги намали прогнозите за Брент за вториот и третиот квартал од оваа година на 30 американски долари за барел, истакнувајќи ја ценовната војна меѓу Русија и Саудиска Арабија и значителниот пад на побарувачката како резултат на епидемијта на новиот коронавирус.

    Цената на нафтата е со најголем регистриран пад од 1991 година откако Ријад се закани дека ќе ги ослободи своите досега задржани резерви. Саудиска Арабија е најголемиот извозник на нафта во светот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично