ПОВЕЌЕ

    Рубио: САД ќе испорачуваат енергенси според индиската побарувачка

    Време зa читање: 2 минути

    Американскиот државен секретар Марко Рубио допатува во четиридневна посета на Индија, во период на засилени геополитички тензии и енергетска неизвесност предизвикана од кризата поврзана со Иран. При пристигнувањето најави дека во фокусот на разговорите со индиските власти ќе биде енергетската соработка, вклучително и зголемување на американскиот извоз на нафта и гас, јавува Би-Би-Си.

    Рубио изјави дека САД се подготвени да ѝ продаваат на Индија онолку енергенси колку што земјата ќе биде подготвена да купи, нагласувајќи дека САД бележат високи нивоа на производство и извоз на енергија.

    Индија, која увезува повеќе од 80 отсто од своите енергетски потреби, е силно погодена од нарушувањата во снабдувањето преку Ормутскиот теснец, клучна транспортна рута која е делумно блокирана поради регионалните конфликти.

    Посетата опфаќа и состаноци во Делхи, Џајпур и Агра, како и разговори со премиерот Нарендра Моди, при што освен за енергетиката ќе се дискутира и трговијата, царините и безбедносната соработка во Индо-Пацифичкиот регион.

    Дополнително, се очекува да бидат отворени и прашања поврзани со трговските односи меѓу двете земји, како и регионалните геополитички односи, вклучително и односите со Кина и Пакистан.

    (Фото: Марко Рубио / X)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично