Централна кооперативна банка АД Скопје преку Македонска берза АД Скопје даде известување за следната седница на Вонредното собрание на акционерите на Банката што ќе се одржи на 28.2.2020 година, и предлог Одлука за повторно именување на независен член на Надзорниот одбор, г. Љубен Нанов. Оваа одлука ќе стапи во сила по добивање претходна согласност од гувернерот на Народната банка. Имајќи го предвид истекувањето на мандатoт на г. Нанов како независен член на Надзорниот одбор на Банката, заклучно со 29.2.2020 година.
Мандатот е во времетраење од 4 (четири) години, сметано од денот на добивање на претходна согласност од гувернерот на Народната банка. Надоместот за учество во работата на
Надзорниот одбор за членовите е во износ од 500 евра во денарска противвредност.
Во моментов Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје е составен од:
Тихомир Ангелов Атанасов – Претседател на Надзорен Одбор
Георги Димитров Константинов – Заменик претседател на Надзорен Одбор
Христо Георгиев Христов – Член на Надзорен Одбор
Киро Костов – Независен член на Надзорен Одбор
Љубен Нанов – Независен Член на Надзорен Одбор