ПОВЕЌЕ

    Македонската банкарска асоцијација потпиша Договор за соработка со BACEE

    Време зa читање: 2 минути

    Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Банкарската асоцијација на Централна и Источна Европа (BACEE) потпишаа договор за долгорочна соработка.

    На 39-тата Регионална конференција на BАСЕЕ, што се одржува во Будимпешта, Унгарија (28/29 октомври), на пригодна церемонија, договорот го потпишаа претседателката на МБА, Маја Стевкова Штериева и генералниот секретар на BАСЕЕ, Иштван Ленгел.

    Договорот, на чие потпишување присуствуваа и Заменик претседателот на МБА, Тони Стојановски, како и членови на Управните одбори на НЛБ банка, Халк банка и Силк Роуд банка, предвидува долгорочна соработка за заедничко промовирање на развојот на финансискиот сектор како и теми кои вклучуваат банкарска регулатива, развој на финансиски пазари, дигитализација, усогласеност со прописи, корпоративно уредување.

    МБА и BАCЕЕ се согласија да воспостават двонасочен механизам за размена и соработка, да изградат платформа за размена на стручни лица и деловна размена меѓу двете страни и помеѓу институциите членки на BАСЕЕ преку форуми и семинари.

    Соработката ќе вклучува и учество банките членки на МБА на регионални конференции организирани од BACЕЕ, организирање на обуки во Скопје и други форми на обуки договорени од двете страни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично