ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: Предлог дивиденда во бруто износ од 550 денари по акција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка денеска ги објави предлог Одлуките за претстојното собрание на Банката, кое ќе се одржи на ден 02.04.2020 година.

    Износот на дивиденда, согласно предлог одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2019 година изнесува:

    – за 1 обична акција бруто-износ од 550,00 денари, односно 55,0% во однос на номиналната вредност од 1.000,00 денари.

    За предложениот износ на дивидендата за 2019 година, акционерите ќе се известат преку Повикот за учество на Годишното собрание на акционери на Банката.

    Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2019 година е 21.04.2020 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 22.04.2020 година. Исплатата на дивиденда за 2019 година ќе започне на 29.04.2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично