Европската комисија испрати правни предупредувања до осум држави на ЕУ поради каснење во примената на новите правила против перењето пари, донесени на ниво на Европската унија пред две години.
Земјите членки на ЕУ требале до јануари да донесат засилени правила за да се спротивстават на ризикот од валкани пари во широкиот спектар на сектори, вклучувајќи размена на криптовалути, однапред платени картички и т.н. „школка“ компании.
Владите и законодавците на ЕУ се договорија за новите правила пред три години, а потоа формално ги усвоија во 2018 година, но Кипар, Унгарија, Холандија, Португалија, Романија, Словачка, Словенија и Шпанија сè уште не ги претвориле во национални закони, соопшти Комисијата на ЕУ.