ПОВЕЌЕ

    Трка на струја: Tesla или Porsche, кој е побрз на Нирбургринг?

    Време зa читање: 2 минути

    S Plaid постави нов рекорд на патеката Нирбургринг кога станува збор за електрични автомобили и ја освои титулата најбрз, пред електричниот Porsche Taycan Turbo.

    Илон Маск објави дека Tesla Model S Plaid „летна“ низ Нирбургринг за неверојатни 7 минути и 30,909 секунди, и овој резултат беше постигнат на конфигурацијата на патеката од 20,6 километри.

    Што се однесува до подолгата конфигурација на патеката, онаа на 20,8 километри, која од 2019 година се користи почесто, резултатот е исто така импресивен и изнесува 7 минути и 35,579 секунди.

    Инаку, првото тестирање на Model S Plaid на познатата германска патека започна пред две години, а сега конечно го имаме официјалното време на најбрзиот круг.

    За споредба, претходниот рекордер, Porsche Taycan Turbo, ја мина патеката од 20,6 километри во 2019 година за 7 минути и 42,3 секунди.

    Нема да биде изненадување ако Porsche се врати со помоќен Taycan Turbo S и се обиде да ја врати титулата.

    Двете најбрзи електрични возила на патеката долга 20,6 километри се Volkswagen ID.R со време од 6:05.336 и Nio EP9 со време од 6:45.90, но тоа не се автомобили од сериско производство.

    Маск посочува дека за постигнување на рекордот користеле немодифициран Model S Plaid кој пристигна на патеката директно од фабрика.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично