
Стефан Ристовски од Институтот за европски политики(ЕПИ) во „Каде се парите? со Горан Теменугов“
Притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Реновирањето на студентските домови е еден од двата проекта за кои, според Стефан Ристовски од ЕПИ, Македонија веќе добила одобрение во рамките на Планот за раст. Вториот проект е за обнова на електродистрибутивната мрежа. Во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Ристовски објаснува дека дел од европските пари се наменети за инфраструктура и дека за секој таков проект државата посебно аплицира преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. А што значи одобрението за студентот кој чека да се реновира домот во кој живее? Според информациите што ги имал Ристовски во моментот на снимањето, двата проекта биле во рана фаза и допрва требало да се склучат договорите за нивна реализација.
„Инвестициските проекти сè уште се во рана фаза. Она што гледаме како информација е дека два проекти преку коишто би требало да се добиваат средства од овој инструмент се одобрени. Едната е рехабилитација или реновирање на студентски домови, другиот е за обновување, ако е правилниот збор, на електродистрибутивната мрежа. Сега, ова што стои како официјална информација јавно, е дека треба сега да се склучуваат дополнителните договори за имплементација на такви проекти.“
Аналитика








