ПОВЕЌЕ

    ПО ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ: Еве за колку ќе точиме бензин, за колку дизел

    Време зa читање: < 1 минутa

    Од вечерва по полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Бензин ЕУРОСУПЕР БС -95 / 86,50 (денари/литар)
    Бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 / 88,50 (денари/литар)
    Дизел гориво / 85 (денари/литар)
    Екстралесно масло (ЕЛ-1) / 81 (денар/литар)
    Мазут М-1 НС / 59,299 (денари/килограм)

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) попладенво донесе одлука со која се врши намалување цени на нафтените деривати во просек за 2,50% во однос на вчерашната одлука.

    Според ова решение, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3 денари за литар, додека цената на Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2 и пол денара.

    Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на истото ниво.

    Од РКЕ воедно потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично