
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 1 мај поради празникот Ден на трудот.
Како што информираат од Банката, на 2 мај ќе работат експозитурите кои имаат редовно работно време во сабота.
Од Банката ги известуваат клиентите дека за подигнување и уплата на готовина можат да ги користат банкоматите, додека за останатите финансиски услуги на располагање се веб и мобилните апликации – Интернет банка и мБанка.
Воедно, за корисниците на платежни картички, 24 часа на ден ќе бидат достапни дигиталните експозитури во Скопје, вклучително и локацијата на улица Македонија, како и дигиталните делови од експозитурите во ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија.
Дигитални услуги ќе бидат достапни и во експозитурите и филијалите на Банката во повеќе градови низ земјава, меѓу кои Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово.
Аналитика








