ПОВЕЌЕ

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЗАПОЧНУВА СО ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ: Таа ќе биде етапна и во групи за оние кои не користат платежна картичка

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка АД Скопје од денес, вторник, 29.11.2022 година  ќе започне со предвремена исплата на пензиите за ноември.

    Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од вторник 29.11.2022 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

    Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

    • Вторник, 29.11.2022 година, исплата на пензии до 11.000 денари,
    • Среда, 30.11.2022 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,
    • Четврток, 01.12.2022 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,
    • Петок, 02.12.2022 година, исплата на пензии над 18.000 денари. 

    За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете, апелираат од банката.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично