„Во светот компаниите редовно издаваат нови акции за да привлечат капитал. Во Македонија тоа речиси не постои. Зошто? Првиот човек на Македонска берза вели дека правеле анкети, најмувале специјализирани агенции за истражување на јавното мислење, иамло безбројни дебати, годишни конференции, панел дискусии, тркалезни маси и се дошло до заклучок дека има множество фактори. Еве што вели Штериев во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов зошто македонските фирми не одбираат ИПО (Иницијална јавна понуда) како начин на финансирање.
„Сепак мислам на крај, дека е тоа некоја комбинација на менталитетот, кај нас луѓето сакаат ако можат да имаат целосна контрола на ситуацијата – и во семејството, и во бизнисот. Фактот дека некој ќе има одреден процент од мојата фирма, изгледа дека тешко на ментално ниво се прифаќа во нашава средина. Сум зборувал, верувајте, со безброј бизнисмени сите овие години, некои од нив ми се и блиски пријатели, па сме зборувале и во некоја така неформална атмосфера, и на прашањето “добро, што ти пречи ако некој има 5% или 10%, при што не е еден, тоа може да бидат 500 луѓе кои имаат 7,5%?“
Значи вие, како и во политиката, во парламентот, апсолутната контрола ја имате на акционерско собрание. Сум добивал одговори, не сакам никој да коментира како ја водам компанијата. Не сакаат критика, едноставно.
Им велам, тоа може да ви биде најдоброто нешто што го добивате, затоа што, прво, не морате да го послушате, второ може некој да ви даде некоја идеја, или да ве сепне АКО што ви кажат дека нешто што правите. Значи постои една аверзија кон давање на делот од сопственост.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.