„Ако сакате да станете дел од успешен медиумско-технолошки бизнис, македонсата стриминг платформа “Глеј“ (GLEY) ви дава можност да купите акции, вели првиот човек на оваа фирма Дарко Перушески во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Тој објаснува зошто вреди да се инвестира во нивната компанија: „Очекуваме брз раст на бројот на корисници, а тоа значи и раст на вредноста на нашите акции. Пазарот на дигитална телевизија е во подем, а ние сме први во Македонија што нудиме ваков производ.“ Се планира да се издадат 200.000 акции по единечна цена од 600 денари. Се чека само одобрување на проспектот од Комисијата за хартии од вредност и процесот може да почне на Македонската берза.
„Прво ќе кажам следно, зашто многу брзо вредноста на тие 600 денари ќе порасне. Зошто? Заради тоа што цело ова искуство да речеме до сега знаеме дека многу брзо ќе го зголемиме оној просечен месечен број на корисници.
Таа е единица мерка кај стриминг платформите кои се разговара. А второ, негде во циклусот на четвртата година предвидуваме да биде и профитабилно. Секој може да го каже, убаво звучи, но ако дозволиш, предвидувам со бројки…
…Нашата цел за пет години е да го стабилизираме на 100.000 корисници. Тука во рака е оваа бројка… Ова е растечки бизнис во светски норми, веќе во западните земји или линеарната телевизија го губи здивот према овие дивови. Ако ме прашуваш, инвестираш во медиумско-технолошки бизнис кој е на светско ниво и кај нас во постојан подем. Инвестираш таман сега, на почетокот.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.