ПОВЕЌЕ

    Зоран Митрески, Марија Даниловска и Дејан Георгиевски од Комерцијална ги добија наградите за најдобри банкарски службеници за 2024 година

    Време зa читање: 2 минути

    По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во организација на Македонската банкарска асоцијација им беа доделени признанија на најдобрите банкарски службеници за 2024 – Зоран Митрески, Марија Даниловска и Дејан Георгиевски од Комерцијална банка за нивната посветена работа и остварени резултати.

    Зоран Митрески е самостоен стручен соработник за евиденција на кредити, за порталот Пари истакна дека да се стане најдобар банкарски службеник е резултат на огромна посветеност и труд, континурано учење и адаптација на промените.

    -Но, пред се е разбирањето на потребите и обезбедувањето беспрекорна услуга на клиентите. Наградата за мене претставува огромна чест и признание за придонесот на мојата работа кон успехот на банката – посочи Митрески.

    Марија Даниловска е соработник за продажба и на прашањето како се станува најдобар банкарски службеник, таа истакна дека за да се стане најдобар се бара многу труд и посветеност во работата, максимално вложување за клиентите.

    -Задоволниот клиент е нашата најголема награда и сатисфакција, а квалитетниот работник секогаш се препознава од менаџментот – вели Даниловска.

    Дејан Георгиевски е стручен соработник во експозитура и за добиената награда посочи дека е многу важен позитивниот пристап, доследното, неуморно и посветено работење со страст, а љубов кон неговата професија се заслужни за ова признание, додаде тој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично