ПОВЕЌЕ

    Македонска берза – клучни поенти февруари 2021

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.02 – 28.02.2021 година вкупниот промет изнесувал 1.390.563.281 денари што претставува зголемување за 170,48 отсто во однос на претходниот месец.

    Класичното тргување изнесувало 1.004.456.344 денари и е зголемено во однос на јануари 2021 за 155,37 отсто кога изнесувало 393.336.688 денари.

    Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 586.617.601 денари и обврзници во  вредност од 417.838.743 денари.

    Блок трансакциите за февруари изнесувале 386.106.937 денари и се зголемени за 219,68 отсто во однос на јануари.

    Бројот на трансакции во февруари изнесувал 2.536 и е зголемен за 67,50 отсто во однос на јануари кога изнесувал 1.514.

    Aкциите на Комерцијална банка во месец февруари 2021 година се со промет од 200.086.680 денари или 3.243.170 евра и го заземаат првото место на најтргувани акции на официјалниот пазар за месец февруари. Потоа следат акциите на Гранит Скопје и Алкалоид Скопје.

    Месечниот статистички билтен за февруари 2021 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично