Тимот на ЗМАИ ќе работи на следење на финансирањето на политичките партии пред,за време и по завршувањето на изборните кампањи во текот на последните три изборни циклуси. Преку користење на јавно достапните бази на податоци и нивно вкрстување ЗМАИ ќе создаде корисна платформа која ќе има за цел да го покаже влијанието на изборите и изборните процеси врз јавните набавки, вработувањата во јавниот сектор и финансирањето на кампањите на политичките партии. Овој софтвер ќе биде иновативно решение, кое веруваме дека ќе зборува за повторувачки трендови на однесување. Анализата и софтверот имаат за цел да придонесат кон подобрување на управувањето со јавните средства.
Само преку систематизирано следење на финансирањето на политичките партии, можеме да влијаеме на подобрување и транспарентност на трошењето на државните средства од страна на политичките субјекти. Во наредните недели тимот на ЗМАИ ќе ги промовира своите наоди базирани на мониторингот на тековната предизборна кампања. Ги повикуваме сите организации кои работат во областа на финансирање на политичките партии, борба против корупција и следење на трошењето на буџетските средства да ни се придружат во заедничката борба за подобро и потранспарентно финансиско работење на политичките партии.
Здружението ЗМАИ, ќе биде активен партнер на новинарите и медиумите во насока на информирање на јавноста за финансиските активности на политичките партии.
Работата на Здружението во оваа област, како и развојот на софтверското решение за следење на финансирањето на партиите во текот на изборните процеси е поддржана од Националниот демократски институт (NDI) и National Endowment for Democracy преку нивните програми за засилување на демократијата ширум светот.
Сите информации за работата на ЗМАИ на оваа и многу други теми може да ги најдете на zmai.mk