ПОВЕЌЕ

    Школската година во приватните гимназии ја почнаа 1.330 ученици, еве колку заработуваат школите

    Време зa читање: 3 минути

    Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2020/2021 година, изнесува 71.811,  а од нив, 1.330 ученици одат во приватни училишта. Во државава, според податоците на Државниот завод за статистика има 10 приватни училишта со 100 паралелки. Статистичките податоци покажуваат дека се намалува бројот на приватните средни училишта, како и интерсесот за запишување. Така, најмногу приватни учлилишта имало во учебните 2015/2016 и во 2016/2017 година, кога бројот на учениците надминал 2.000.

    Учебна годинаБрој на приватни средни училиштаБрој на ученици во приватните средни училишта
    2020/2021101.330
    2019/2020111.645
    2018/2019131.691
    2017/2018141.678
    2016/2017152.033
    2015/2016152.084
    2014/2015141.940
    2013/2014111.412
    2012/2013111.426
    2011/2012111.682
    2010/2011111.550

    Сепак, во бизнисот со приватните училишта се уште се вратат големи суми. Така, првите 5 приватни средни училишта според приход, лани имале вкупен влез на пари од 5,4 милиони евра, што е за околу 740.000 евра помалку отколку во 2019 година. Всушност, анализата на порталот Пари во соработка со БизнисМрежа.мк покажува дека за приватните средни училишта ланската пандемиска година била тешка, односно од анализираните ТОП 5 училишта, едно е во загуба, на едно му се зголемила добивката, а на три значително им се намалила. Вкупната добивка на овие 5 најприходни училишта била безмалку 160.000 евра, но во 2019 година изнесувала 270.000 евра. Но, и во 2020 година, и во 2019 година, може да се збележи дека, освен „Алгоритам“, другите средни приватни училишта имаат ниска профитабилност кога ќе се спореди висината на вкупниот приход, со висината на остварената добивка.

    ТОП 5 ПРИВАТНИ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ПО ПРИХОД (во евра)

    РАНГ 2020Приватно средно училиштеПриход 2020Добивка 2020Раст %
    1ЈАХЈА КЕМАЛ  - Скопје2.600.00018.700-86,3%
    2MAARIF INTERNATIONAL SCHOOLS1.440.00020.000-60,3
    3QSI  ИНТЕРНАЦИОНАЛНО УЧИЛИШТЕ733.000- 35.000/
    4АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР330.000112.000+44.7
    5АМЕРИКАНСКО УЧИЛИШТЕ МАКЕДОНИЈА223.0007.600-21,7

    Ако се посетат официјалните веб станици на овие улилишта, на ниту една, освен на „Алгоритам“, не е напишано колку родителите ќе ги чини една школска година. На страницата на „Алгоритам“ износот е транспарентен и наведено е дека школарината од 120.000 денари за ена школска година е на товар на родителот, односно старателот. Во приватните средни училишта постојат можности и за стипендии за најдобрите ученици, а како предност каи некои се истакнуваат и меѓународни дипломи и можности за стипендии на странски универзитети по завршувањето на средното училиште.

    Порталот „Пари“ направи и кусо претставување за секое од петте најголеми по приход приватни средни училишта.

    ПСУ „Јахја Кемал“ е основано во 1996 година. Има  образовни единици во Скопје, Тетово и Струга. Во училиштата на ПСУ „Јахја Кемал“ има предавања на 4 јазици – македонски, англиски, турски и албански јазик.

    ПСУ Мaarif international schools е формирано од Турската фондација Маариф  и започна со образовна дејност во училишната 2018/2019 година во Тетово, а од годинава отвори кампус и во Скопје. И во ова училиште има предвања на 4 јазици – македонски, англиски, турски и албански.

    QSI Интернационално Училиште Скопје е член на Quality Schools International – непрофитна образовна организација, присутно во 31 земја во светот со 37 училишта 

    ПСУ Алгоритам работи по фински метод на учење, а тоа, како што објаснуваат од гимназијата значи „Учење на учениците како најдобро да учат и да стекнат вештини за иден успех“. Во Финска не им даваат тестови на учениците до 18 години, согласно на овој принцип во гимназија Алгоритам тестовите се сведени на минимум, објаснуват оттаму.

    Американското училиште Македонија овозможува завршување на средно училиште по американски модел, целосно на англиски јазик.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично