ПОВЕЌЕ

    Запознајте ја Awesome Intelligence: Нов пристап до забавна и достапна мобилна вештачка интелигенција

    Време зa читање: 3 минути

    Едноставно и ефикасно мултитаскинг искуство

    Awesome Intelligence носи низа моќни можности.

    Освен што ја елиминира потребата за префрлање меѓу апликациите за пребарување информации, една од омилените AI функции — Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search со Google) — сега оди чекор понатаму, овозможувајќи препознавање и идентификација на музика, покрај сликите.

    Функцијата AI Select нуди контекстуални предлози врз основа на содржината на екранот — вклучувајќи текст, слики и видеа, дозволувајќи корисниците со еден допир да извршат дејства како скенирање QR-кодови или создавање GIF-анимации.

    Дополнително, новата Read Aloud функција го подобрува мултитаскингот со претворање на онлајн текст во аудио.

     Максимална креативност со интелигентни алатки

     Awesome Intelligence воведува AI алатки за уредување, кои ја подигнуваат креативноста на ново ниво.

    Object Eraser овозможува беспрекорно отстранување на несакани објекти од фотографиите. Edit Suggestion предлага подобрувања како заматување на позадината и отстранување на рефлексии за почисти и попрофесионални слики.

    LEAD Technologies Inc. V1.01

    Ексклузивно за Galaxy A56 5G, корисниците добиваат уште поголема контрола врз креативниот процес. Функцијата Best Face овозможува избор на најдобрите изрази на лицата на до пет луѓе на слика во движење и нивно спојување во совршена групна фотографија. Функцијата Auto Trim анализира повеќе видеа, ги издвојува најдобрите моменти и ги компилира во видеа подготвени за споделување.

    Дополнително, функцијата Filters овозможува креирање на сопствени филтри со извлекување на бои и стилови од постоечки слики, овозможувајќи уникатен личен печат на портретите и селфи фотографиите.

    Со интегрираната Awesome Intelligence, најновата Galaxy A серија поставува нови стандарди за достапност, продуктивност и неограничена креативност за сите.

    За Samsung Electronics

    Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично