ПОВЕЌЕ

    Британската царинска управа направи прва заплена на NFT-незаменливи токени

    Време зa читање: 2 минути

    Британската кралска управа за приходи и царина заплени три NFT (non-fungible односно „незаменливи“) токени, за време на истрагата за сомневање за измама со ДДВ вредна 1,4 милиони фунти. Три лица се уапсени под сомнение дека се обиделе да ги измамат даночните власти. Осомничените, наводно, се обиделе да повратат повеќе ДДВ отколку што навистина побарувале, користејќи украдени лични податоци, нерегистрирани телефони и лажни фактури за да го сокријат својот идентитет. Шемата вклучувала 250 наводни компании, според HMRC.

    „Нашата прва заплена на незаменливи токени служи како предупредување за секој што мисли дека може да користи дигитални средства за да ги скрие парите од HMRC“, рече Ник Шарп, заменик-директор за економски криминал во HMRC.

    Побарувачката за незаменливи токени се зголеми неодамна, при што продажбата на такви токени надмина 40 милијарди долари во 2021 година. Сепак, пазарот е склон кон кражби и измами и постои загриженост дека многу трговски активности во NFT се поттикнати од тактики за манипулација на пазарот, како што е перењето пари.

    Британската кралска управа за приходи и царина е првата агенција за спроведување на законот во Велика Британија што заплени NFT во истражна или кривична постапка. Властите запленија три незаменливи токени кои претставуваат дигитална уметност, како и уште 5.000 фунти други крипто средства. NFT допрва треба да се проценат, а истрагата е во тек.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично