ПОВЕЌЕ

    За увоз на мали пратки од трети земји – покрај царината, ЕУ најавува и надомест од 2 евра

    Време зa читање: 2 минути

    Увозот на мали пратки од трети земји во Европската Унија наскоро ќе биде предмет на нови давачки. Надомест за ракување во износ од две евра, кој би се наплаќал од 1 ноември, предлага Советот на ЕУ за пратките со вредност до 150 евра – објави Пословни.хр, повикувајќи се на информации од Хрватската занаетчиска комора (ХОК).

    Надоместот ќе се применува на ниво на целата ЕУ, со цел да се покријат зголемените трошоци за следење на сè поголемиот број мали пакети што влегуваат во Унијата преку платформите за електронска трговија.

    Висината на овој надомест Европската комисија официјално ќе ја утврди пред земјите членки да почнат да го применуваат, а тој ќе се плаќа како дополнување на веќе постојната привремена царина од три евра, која е во сила од 1 јули 2026 година.

    Во практика, пишува хрватскиот портал, тоа ќе значи дека за малите пакети, покрај споменатата привремена царина, дополнително ќе се наплаќаат две евра за секоја поединечна ставка од стоката што пристигнува од земји надвор од ЕУ.

    Овие промени се дел од пошироката реформа, откако Советот на ЕУ го усвои предлогот на Регулативата за воспоставување Царински законик на Унијата и Царински орган на Европската Унија. Клучната новина на оваа регулатива е префрлањето на финансискиот товар врз самите извори на продажба. Платформите за електронска трговија што се наоѓаат надвор од ЕУ отсега ќе треба самите да ја плаќаат царината, додека досега таа обврска ја имаше крајниот потрошувач во Унијата.

    Покрај воведувањето построги санкции за субјектите во електронската трговија што не ги исполнуваат своите царински обврски, новите правила носат и олеснувања. За најдоверливите трговци е предвидено значително поедноставување на царинските постапки, со што се настојува да се награди законското и транспарентно работење.

    Во рамките на модернизацијата и подобрата контрола на протокот на стоки, се воспоставува и единствен Центар на ЕУ за царински податоци, со седиште во Лил, Франција, кој ќе почне со работа во 2027 година.

    (Илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично