Во четврток почнува исплатата на дивиденда за минатата година, ги информира „Макпетрол“ своите акционери преку Македонска берза. Пресметката на износите е направена според утврдените 3.700 денари бруто за акција, а ќе се дели вкупна сума од 374.232.800 денари, односно над шест милиони евра,
„Макпетрол согласно Одлуката за плаќање на дивиденда по Годишната сметка на Друштвото за 2023 година, бр. 0201-37/2-4, донесена на 28-мата седница на Собранието на акционери на Макпетрол А.Д. – Скопје, одржана на 28.5.2024 година, објавува дека на ден 29.08.2024 година, започнува со исплата на дивиденда во бруто износ од 374.232.800 денари, односно 3.700 денари бруто по акција“, пишува во објавата на компанијата.
Најголемиот дистрибутер на горива средствата за дивиденда ги обезбеди од ланската и од досега акумулираната добивка. Профитот од минатогодишното успешно работење е 12,5 милиони евра.