ПОВЕЌЕ

    ЗА 5 МИНУТИ СЕ ДОБИВА е-Уверение за состојба на остварен доход – Нова услуга од УЈП за граѓаните

    Време зa читање: 2 минути

    Уверение за остварен доход може да се добие по електронски пат. За подготовка на документот потребен во процедурите за добивање стипендии, при вработување, барање социјална помош, кредит…, сега се потребни само неколку минути. „е-Уверение за состојба на остварен доход“ е првата целосно дигитализирана услуга на Управата за јавни приходи.

    Услугата е достапна за сите граѓани. Се однесува и на странците со времен или постојан престој во земјата, кои се регистрирани корисници на системот „е-Даночни услуги“. Граѓаните ќе можат да го добијат овој вид е -Уверение и за изминат и за тековен период.

    Оваа услуга е веќе достапна преку платформата „е-Даночни услуги“. Меѓу придобивките од нејзиното користење се брзото издавање на е-Уверение во рок од 5 минути; се избегнува чекањето и потребата од физичко присуство во УЈП; достапност 24/7, како и целосна сигурност и доверливост, со електронски временски жиг и QR код за верификација на документот.

    Исто така се намалуваат и времето и трошоците. Или, користењето на услугата на вработените годишно може да им заштеди 62 илјади работни часови.

    Во најголем дел оваа услуга се добива без административна такса, а за одредени барања ќе треба да се платат сто денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично