ПОВЕЌЕ

    Wall Street и европските берзи ja завршуваат неделата „во црвено“

    Време зa читање: 2 минути

     

    Акциите на Wall Street паднаа поради загубите на технолошките компании, но пазарот се уште е на добар пат да прокнижи втора недела на добивки поради подобрите деловни резултати од очекуваните.

    Инвеститорите, исто така, ги разгледуваат најновите глобални економски податоци кои покажаа дека економскиот раст на Кина е забавен на нов повеќедецениски минимум, пренесува агенцијата AP.

    Индустрискиот индекс Dow Jones 30 падна за 97 поени или 0,4 проценти, поширокиот S&P 500 за 0,3 проценти, а технолошкиот NASDAQ 100 за 0,5 проценти.

    Повеќе од 70 компании, чии акции котираат во рамките на индексот S&P 500, објави оваа недела деловни резултати за третиот квартал. Од тие компании, дури 81% пријавија подобри резултати од очекуваните, покажуваат податоците на FactSet.

    Во Европа, акциите денес се во пад. Индексот Euro Stoxx 50 падна за 0,32 проценти, лондонскиот FTSE 100 за 0,35 проценти, германски DAX 30 за 0,18 проценти, францускиот CAC 40 за 0,68 проценти, а шпански IBEX 35 за 0,15 проценти, објави њујоршката агенција Bloomberg.

    Во Азија, јапонскиот индекс Nikkei 225 се зголеми за 0,18 проценти, додека хонкошки Hang Seng 50 падна за 0,48 проценти.

    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично