ПОВЕЌЕ

    ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ: Десет дејности со најниски плати во Македонија?

    Време зa читање: 2 минути

    Најниска просечна плата изнесува 16 216 денари, додека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2021 година, изнесува 29 145 денари.

    Пари ги анализираше просечните плати по дејности во месец октомври 2021 година во Македонија, и од таму може да забележиме дека 55 дејности  од вкупно 102 се со просек помал од просечната плата.

    На дното со просечни плати во Македонија се наоѓаат вработените во заштитни и истражни дејности каде просечната плата изнесув 16.216 денари или плата која е за 12.929 денар помала од просечната плата во Македонија.

    Потоа следуваат Производство на кожа и слични производи од кожа со просечна плата од 17.873 денари, додека Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата со просечна плата од 18.131 денари.

    Вработените во производство на облека земаат просечна плата од 18.864 денари а веднаш под нив се Вработените во дејности за подготовка на оброци и служење на храна се со просечна плата од 19.754 денари. Вработените  во дејноста објекти за сметување и сервисни дејности со храна имаат просечна плата од 21.082 денари. Вработените во производство на мебел земаат просечна плата од 21.180 денари, а по нив следат вработените во дејноста Рибарство и аквакултура со просечна плата од 21.335 денари. Вробетените во дејноста Производство на кокс и рафинирани нафтени производи  се со просечна плата од 21.421 денари. На 10то место во листата со најниски просечни плати се вработените во дејноста преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски мебел имаат просечна плата од 21.486 денари.

    Во Македонија, само една дејност има примања скоро три пати повесока од просечната плата, а тоа се вработените во дејноста Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично